fbpx

Ковачевски: ВМРО-ДПМНЕ требаше да се извини за 27ми април, наместо извинување гледаме наградување

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Во своето обраќање на денешната седница за пратенички прашања во Собранието, претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски порача дека тој денеска очекувал некој од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да се извини за 27 април, но на крајот не само што нема извинување од опозициската партија туку има и наградување на лицата кои го сториле насилството.

„Очекував дека на денешниот ден, 27 април некој од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да стане и конечно да се извини за најгрозоморниот чин што се има случено во ова Собрание, кога на најкрвав начин беа тепани пратеници и други службеници во Собранието, само со цел да се задржи власта. Меѓутоа, еве шест години по ред извинувања нема, но напротив, од страна на ВМРО-ДПМНЕ има наградување со финансиски средства од буџетот на оние кои го извршија тој чин“ порача претседателот Ковачевски.

Последни вести