fbpx

Плодни средби со Алтернатива и ДПА, ги продолжуваме процесите, заеднички кандидат за претседател е во полза на граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми,

Зоран Заев, претседател на СДСМ

Скопје, 19.02.2019

 

Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите,

Драго ми е што продолжуваме со состаноци со политички субјекти во позитивен оддек, со позитивна намера, желбата на најголем дел од граѓаните ,но и од најголем дел од политичките партии е да направиме напори во изградба на еден концепт за заеднички настап на Претседателските избори преку пронаоѓање, со еден доволен аналитички пристап на кандидат кој што би бил прифатлив за сите граѓани во Република Северна Македонија.

Денешните средби со Африм Гаши од новото име кое што го имаат на партијата Алтернатива вроди со плод, заради тоа што веруваат дека ова е од полза на граѓаните. Ова идниот Претседател ќе го задолжи секако еднакво пред сите граѓани, ќе биде Претседател кој што ќе им служи поддеднакво на сите и верувам дека уште од самиот почеток водење на анализа, правење на селекции и вршење на избор на кандидат зад кој што би застанале сите ние претставниците на граѓаните преку политичките субјекти кои што ги водиме ќе даде резултат. Господинот Мендух Тачи кој што е претседател на Демократската партија на Албанците, исто така даде позитивно светло да ги продолжиме процесите во напори, сите заедно да изнајдеме заеднички кандидат, секако сите оние истражувања и анализи кои што ги имаме направено ќе ги споделиме. Тие имаат и свој некој од партиите за да можеме некаде до крајот на неделата да заклучиме дали воопшто кај сите партии или кај дел од партиите постои амбиент за градење на концепт за заеднички кандидат зад кој што сите ќе застанеме.

Ако поприлично успееме во таквиот процес , се надевам дека и опозиционите, Алијансата за Албанците со кои што утре имаме средба , во четврток имаме со Беса и со господниот Билијал Касами, се надевам дека има шанси позитивно да се изјаснат за оваа работа , секако ќе го почитуваме секое нивно изјаснување

Би било логично веќе следната недела да почнеме да разговараме за номинирање на имиња од сите политички партии подеднакво, а секако ова е прв пат и СДСМ да седне и разговара за сите анализи и анкети и да го добиеме фидбекот од сите политички партии за да може да донесеме своја одлука за кандидат зад кој ќе застанеме како политички субјект и севкупно како политички партии.

Останувам оптимист дека ова е вистински начин на пристап на вака сериозен процес како избор на Претседател на државата.

Верувам дека овој процес ќе биде нов квалитет на сите граѓани на Република Северна Македонија, но и огромна помош за периодот и процесите кои следуваат.

 

Последни вести