Соопштение за јавност
Централниот караван на коалицијата „Заедно напред!“ во текот на утрешниот ден ќе биде на средби со граѓаните во Старо Нагоричане, Ранковце, Крива Паланка и Куманово.
Во текот на утрешниот ден (15.04.2019, Понеделник), заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски во 15.00 часот ќе биде помеѓу граѓаните на Старо Нагоричане, каде во централното подрачје на Старо Нагоричане ќе има обраќање пред граѓаните, а во 16.30 часот се сретне со граѓаните на Ранковце.
Во 17.50 часот, Пендаровски ќе има учествува на граѓанска трибина на градскиот плоштад во Крива Паланка.
Подоцна, со почеток во 20.10 часот, на градскиот плоштад во Куманово, ќе се одржи централниот настан граѓански митинг, каде свое обраќање ќе имаат заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски, и претседателот на СДСМ, Зоран Заев (пренос во живо од овој настан ќе може да проследите на веб страницата на СДСМ и на официјалана фејсбук страница на заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски)