fbpx

На ВМРО-ДПМНЕ поважно му е да шири лаги и хистерија отколку да се разгледува договорот за коридорите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Oдговор на новинарско прашање, Снежана Калеска Ванчева, пратеничка на СДСМ

Одговор:

Сметам дека ова прашање треба да го упатите до пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи јасно беше кажано, имаше координација, нашиот став јавно беше кажан, координаторот на пратеничката група на СДСМ имаше прес- конференција, нашата партија јавно го кажа ставот, но пред се ние како пратеници го кажавме јавно ставот изразен преку нашиот координатор.

А тоа е дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи тие бараат иако го имаат договорот од таканаречени свиркачи, го бараат на увид договорот, да определат на која комисија сакаат да биде разгледуван истиот. Во моментот кога ќе определат и ќе кажат на која комисија ќе биде разгледуван договорот веднаш комисијата ќе биде свикана и ќе се разгледува договорот секако согласно процедурата и постапката за разгледување на таков тип на договори.

Навистина и нас не ни е јасно зошто се одолговлекува. Единствено логично објаснување е дека всушност нив и не им е толку важно бидејќи договорот веќе го имаат и не им е важно да се одржи таква седница на којашто ќе можат согласно процедурите и постапките да го видат договорот туку им е важно да шират лаги, манипулации, да искривуваат работи, вадат делови од договорот и да ги искривуваат само за да договорот не биде реализиран или пак да биде реализиран но со што поголеми штети по македонските граѓани.

Тоа е нешто што е толку очигледно бидејќи да беа заинтересирани навистина за содржината на договорот и да видат дали нешто таму има штетно тогаш веднаш ќе кажеа на која комисија сакаат да биде разгледуван. Но како што гледате нема ништо од тоа а се продолжува со ширење на лаги и манипулации околу договорот.

Договорот ќе се реализира, договорот не е штетен, договорот ќе биде мониториран и македонските граѓани ќе го видат светлото на денот на овој најзначаен проект во нашата историја како независна држава.

Последни вести