Соопштение за јавност
Претседателот на СДММ Марко Михаилоски заедно со Даниела Рендевска беше меѓу граѓаните на Кратово како дел од караванот на СДСМ „Рамо до рамо до победа“.
– ВМРО-ДПМНЕ партијата позната по провизиите и промашени проекти за автопати, сега води хајка против изградба на коридорите 8 и 10 Д и против американската компанија Бехтел. СДСМ преку Владата и парламентарното мнозинство што ги предводи, презема се за да ги надмине блокадите на ВМРО-ДПМНЕ и овој проект да биде завршен и побрзо и поевтино, порача Михаилоски.
Во општина Кратово беа членката на Извршниот одбор на СДСМ, Милена Стевановиќ и Борис Тунџев.
– Со предог законите кои влегуваат во собраниска процедура, ја унапредуваме ефикасноста во изградбата на патната, железничката и енергетската инфраструктура во државата. На тој начин, правиме системски исчекор за брза, поевтина и квалитетна изградба не само на коридорите 8 и 10д, туку и за сите идни национални и стратешки проекти, како железници, гасоводи и други важни инфраструктурни проекти. Конечно, со реализација на делниците од коридорите, нашата држава станува вистинска крстосница на Балканот, истакна Тунџев во Кратово.