fbpx

Законските измени важат и за проектите финансирани од ЕУ а не само за коридорите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Со предог законите кои влегуваат во собраниска процедура се унапредува ефикасноста во изградбата на патната, железничката и енергетската инфраструктура во државата.

На тој начин, се обезбедува побрза, поевтина и квалитетна изградба не само на коридорите 8 и 10д, туку и за сите идни национални и стратешки проекти, како железници, гасоводи и други важни инфраструктурни проекти.

Тука спаѓаат и проекти финансирани од ЕУ, од меѓународни финансиски институции.

Коридорот 8, ЕУ веќе го карактеризира како европски коридор со геостратешко значење.

Сите предложени законски измени се во согласност со Уставот и со нивното донесување ќе се заштедат 150 милиони евра и две години изградба за коридорите 8 и 10Д.

Ова е најголемиот проект во инфраструктурата во историјата на државата, во вредност од 1,3 милијарди евра. Од тие средства, најмалку 600 милиони евра ќе завршат кај наши, домашни компании.

Со изградбата на коридорите македонската економија добива пристап до две нови пристаништа, она во Драч и она во Бургас и наместо кружен тек, конечно станува вистинска крстосница.

Покрај унапредување на инфраструктурата, изградбата на овие коридори, носи и економски придобивки, со отворање на 8.000 нови работни места и номинален раст на БДП од два отсто годишно.

Последни вести