fbpx

Костадиновска – Стојчевска: Законот за употреба на македонскиот јазик е со цел јазикот дополнително да се унапреди и заштити

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Потпретседателката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска во гостување на Телевизија 24 истакна дека новиот Закон за македонски јазик дополнително ја унапредува употребата на македонски јазик.

„Законот е еден вид на реакција на сѐ што се случува во однос на јазикот, преголемото присуство на интернационализми, позајмени зборови. Со овој закон се воведува ред. Законот беше долго работен со Советот за македонски јазик и целата стручна фела. Во конструктивна дебата имаше предлози, кои беа вградени во законското решение“ посочи Костадиновска Стојчевска.

Таа истакна дека по носење на Законот, со него ќе се усогласат сите слични закони, вклучително и Законот за употреба на јазиците, а новитет е што се воведува и Инспекторат за македонски јазик, што ќе биде задолжен за имплементација на Законот за употреба на македонскиот јазик.

„Инспекторатот не треба да се сфаќа како нов вид на полиција или казнена политика. Тоа е механизам што ни е потребен, за да се реагира и унпареди употребата на јазикот, да не се реагира само на социјалните мрежи. Зборуваме за уредување и унапредување на користењето на македонскиот јазик и кирилското писмо. Секаде каде што ќе биде забележана неправилна употреба на јазикот, ќе се предупреди и санкционира“ порача Костадиновска Стојчевска додавајќи дека со новиот Закон секоја институција ќе мора да има ангажирано лектор.

Последни вести