fbpx

Пендаровски во Брвеница: Обединети тргнавме заедно напред кон подобар живот, кон иднина во ЕУ и НАТО!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Успешните политики на домашен и меѓународен план резултираа со процес на ратификација на Протоколот за пристапување во НАТО, што не прави 30 земја членка на најсилниот безбедносен сојуз на светот и затоа мора да продолжиме напред, порача попладнево заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски пред жителите на општина Брвеница.

– Oваа држава е модел како треба да се живее заедно. Вие се почитувате како луѓе, вашата верска, национална или партиска припадност е ваше човечко право. И токму такви, различни а обединети тргнавме по патот што води до НАТО и ЕУ. Се обединивме околу иднината што носи развој и напредок. Како претседател ќе ја имам честа да бидам врховен командант на армија која е дел од најмоќниот безбедносен сојуз во светот – НАТО Алијансата, порача Пендаровски.

Пред присутните Пендаровски истакна дека членството во НАТО е децениски национален и државен интерес кој носи придобивки за државата и нејзините граѓани.

– Со влезот во НАТО трајно ги обезбедуваме нашите граници, но и создаваме можности за повеќе инвестиции, повеќе работни места и повеќе пари кај граѓаните. Со членството во НАТО ја ставаме државата на листата на безбедни и стабилни држави, а тоа значи и влез на повеќе странски инвестиции и отворање на нови подобро платени работни места. И затоа, не смееме сега да застанеме. Затоа, на 21 април велиме заедно напред за подобар живот за сите, економијата да оди напред, армијата да стане уште повеќе почитувана, да се отвораат нови работни места. Спремен сум да бидам претседател за сите и да водам кон развој и интеграција, рече Пендаровски во Брвеница.

 

 

Последни вести