fbpx

Пораз за лагите на ВМРО-ДПМНЕ, коридорот 8 дел од Трансевропската мрежа

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Коридорот 8 е ставен на мапата на главните коридори на Западен Балкан и ЕУ, во рамките на проширување на Трансевропските транспортни мрежи на Европската Унија, за одржливо и ефикасно транспортно поврзување, меѓу нашата држава, регионот и ЕУ.

Изградбата на коридорот 8, како и коридорот 10Д, со буџетски средства, освен подобро поврзување внатре и надвор, со себе носи и економски придобивки, преку раст на два отсто годишно на БДП, нови 8.000 работни места и најмалку 600 милиони евра директно во домашните компании.

За побрза и поевтина изградба потребна е измена на пет законски решенија, кои се носат со европско знаменце, со цел да се забрза градењето на инфраструктурата и на патната мрежа што влегува во кластерот Транспорт во кој е задолжително подобрувањето на инфаструктурата заради интеграција во ЕУ.

Лагите на ВМРО-ДПМНЕ кои водат хајка против најголемиот инфраструктурен проект во државата и изведувачот, реномираната американска компанија Бехтел, одново се поразени.

Последни вести