Соопштение за јавност
Потпретседателката на СДСМ, Фросина Ременски, денес беше со граѓаните на Крушево и крушевскиот регион кадешто со граѓаните зборуваше за повеќе актуелни теми, а посебен акцент беше ставен на градењето едно општество сите, концепт кој е силно поддржан од граѓаните.
-Застанавме зад концептот на едно општество кој значи еднакви шанси и можности за сите. Ставивме крај на поделбите и изолација и тргнавме по пат кој значи заедништво, подобра иднина и повисок животен стандард на сите граѓани без разлика на верска, етничка или религиозна припадност.- порача Ременски.
За да се продолжи по вистинскиот пат, потенцираше Ременски, неопходно е да имаме претседател кој ќе обединува, нема да дели и ќе работи еднакво за сите. За остварување на таа цел, на овие избори граѓаните имаат само една алтернатива – Стево Пендаровски кој цврсто стои зад концептот на прогрес, интеграции и обединување.
– Крушево е пример за успешноста на концептот на едно општество, но да не застанеме тука, туку преку поддршка за Стево, да продолжиме да чекориме кон развој, единствено и интеграција, истакна Ременски.