fbpx

Глас за Европа во македонското Собрание за продолжување на европскиот пат

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

СДСМ ги повикува сите политички и општествени чинители во македонското општество на обединување околу европската иднина и продолжување на европскиот пат.

Заедно да обезбедиме глас за Европа во македонското Собрание. Тоа ќе биде глас на мнозинството за македонска европска иднина.

Никако не смееме да дозволиме забавување или застанување на патот кон ЕУ.

Особено во услови кога се спроведуваат реформите, скрининг процесот тече одлично и наскоро ќе финишира успешно, а преговорите со ЕУ се со обезбеден и зачуван македонски идентитет, јазик и култура.

Во клучни моменти за државата Македонија доби силна поддршка за продолжување на европскиот пат од нашите најголеми и најважни стратешки партнери, САД, за време на посетата на претседателот на СДСМ премиерот Димитар Ковачевски.

Како одговорна и државотворна партија, сè што е до Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ќе биде направено за да продолжи напредокот кон Европската Унија.

Македонија ќе оди напред и ние ќе ја исполниме нашата стратешка цел – полноправно членство во ЕУ.

Последни вести