fbpx

ВМРО ДПМНЕ се директните виновници за иселувањето на над половина милион граѓани и намалување на бројот на новородени деца

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Нов ден, ново лицемерие на ВМРО-ДПМНЕ, партијата која со своите погубни политики принуди над половина милион главно млади лица, но и цели семејства, да се иселат од нашата држава, а денес глуми загриженост за наталитетот.

Крајно лицемерно е ВМРО-ДПМНЕ да зборува за намалување на бројот на новородени деца , кога токму тие се дирекните виновници за енормното иселување, што придонесе за намалување на бројот на новородени деца.

Наталитетот во времето на ВМРО-ДПМНЕ драстично опадна и по воведувањето на мерката „трето дете”. Според податоците, наталитетот во Македонија во 2010 година бил 11,8, а во 2017 година 10,5. Оваа мерка имаше можност 10 години да се имплементира, но таа очигледно не дава резултати и е уште една потврда за нивните неуспешни и погубни политики.

За разлика од таквиот неуспешен проект, денес, социјалната реформа на Владата предводена од СДСМ воспоставува целосно нов, правичен и ефикасен систем на социјална заштита со кој се обезбедува еднакво општество за сите и се насочуваат парите кон оние граѓани на кои им се најпотребни.

Истовремено, значително е намалена смртноста на новороденчињата наспроти периодот на владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

За разлика од времето на гол популизам и неефикасни мерки на ВМРО-ДПМНЕ, денес Владата предводена од СДСМ спроведува мерки што имаат за цел унапредување на животниот стандард на сите граѓани.

Растот на минималната и просечната плата, намалувањето на невработеноста, растот на БДП и рекордниот износ на странски инвестиции, се само дел од економските показатели кои ја потврдуваат успешноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ.

Гаранцијата за млади, зголемените средства за ученички и студентски стандард, финансиската поддршка на младите земјоделци, зголемената поддршка за нови бизниси и самовработување се само дел од мерките што Владата ги презема во интерес на младите и нивно задржување во државата.

 

Скопје, 08.04.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТ
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести