Соопштение за јавност
Пратеници од ВМРО-ДПМНЕ плачеа и се извинуваа за 27 април, а денес велат дека лузните на повредените не биле ништо, требало да има жртви и убиени, истакна координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески во процедурално обраќање пред пратениците.
„Како не ви е срам? Што требаше да се случи? Некој да биде убиен за да го спасите оној што побегна во гепек? За да се спасите од одговорност за криминалот и корупција со кои ја ограбивте оваа држава? Како не ви е срам да ги искористите луѓето и да ги фрлите на улица и уште да глумите дека се борите за нив?“ се обрати Митрески кон пратениците од ВМРО-ДПМНЕ
Митрески посочи дека по 27 април пратеници од ВМРО-ДПМНЕ доаѓале да се извинуваат велејќи дека не знаеле што ќе се случува тој ден а дека денес се силат од говорницата.
„Вие во наводна глума и грижа за тие што ги наместивте да скапуваат по затвори ќе направите се за да се исперете од тој срам, но од тој срам ВМРО-ДПМНЕ и вие никогаш нема да се исперете“ им порача Митрески на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.