Соопштение за јавност
Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не можат да се помират со тоа што за првпат грчки оркестар ја свиреше македонската химна.
За ВМРО-ДПМНЕ неприфатливо е тоа што химната е признаена од целиот свет, што државата и армијата се почитувани од целиот демократски свет.
Залудно ВМРО-ДПМНЕ конструира случаи.Дури и нивната кандидатка, Гордана Силјановска призна и потврди дека македонската химна, македонскиот јазик и македонскиот идентитет со Договорот од Преспа се трајно признаени и потврдени.
Само на деструктивното ВМРО ДПМНЕ и пречи успехот што државата го постигнува на домашен и меѓународен план.
Скопје, 06.04.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТ
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА