fbpx

Лукаревска на трибината „Резултати што прават разлика“: Изградбата на коридорите ќе донесат 8.000 нови работни места и раст од 2 % на БДП годишно

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска во обраќањето на денешната трибина „Резултати што прават разлика“ кусо се осврна и на успесите на СДСМ во изминатите години во делот на инфраструктурата.

„Изградивме и обновивме преку 1.400 километри патишта. Над 69 километри автопатски делници се направени.

Во тек е изградба на 190 километри автопати, на 50 километри експресни патишта и 450 километри локални патишта низ општините.

Гасоводи направивме од над 270 километри. Изградени се над 860 социјални станови за ранливи семејства.

Тоа се резултати што прават разлика, тоа е суштината и на овој слоган, градиме за иднината.

Конечно, со усвојувањето на законските измени, се отвори патот за побрза и поевтина изградба на автопатските делници од коридорите 8 и 10Д, најголемиот стратешки и инфраструктурен проект во земјава.

Реализацијата на овој стратешки проект, каде е предвидено да се вклучат домашни компании, значи нови 8.000 работни места, нови инвестиции од 1,3 милијарди евра и номинален раст на БДП за 2% годишно во наредните пет години“ порача Лукаревска.

Таа додека дека со членството во ЕУ, овие резултати на СДСМ, ќе се зголемат двојно или тројно.

„Само минатата недела Европскиот парламент ѝ додели уште 100 милиони на нашата земја. Не чекаат многу повеќе средства за да ја надградиме инфраструктурата, да го зголемиме нивото на услугите, да го направиме животниот стандард многу повисок од денес“ посочи Лукаревска додавајќи дека од тематската трибина посветена на инфраструктурата очекува нови насоки, предлози, сугестии за новата програма на СДСМ за мандатот 2024-2028 година.

Последни вести