fbpx

Коциќ: ВМРО-ДПМНЕ фиктивно е за евроинтеграција, а фактички прави сé да не продолжи европскиот пат

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Пратеникот на СДСМ Ненад Коциќ во емисијата „24 Анализа“ на телевизија 24, истакна дека е дојдено времето и власта и опозцијата да застанат цврсто на европскиот пат.

Досега видовме дека ВМРО-ДПМНЕ зборуваше дека é за евроинтеграција, меѓутоа само фиктивно, а фактички правеше сé да не ги продолжиме евроинтеграциите, кои ги започнавме уште лани во јули. Искрено се надевам дека ќе го препознаат моментот кога имаме отворена поддршка, покана, соработка од страна на ЕУ, каде што ние како држава стратешки се имаме определено дека треба да одиме уште пред триесетина години, кога станавме независна држава, нагласи Коциќ.

Коциќ рече дека ЕУ не е место каде некој го губи својот идентитет, туку напротив со влегувањето во ЕУ ќе се збогатува македонската култура.

ВМРО-ДПМНЕ зборуваа дека и со Преспанскиот договор ќе се изгуби македонскиот јазик, меѓутоа реално видовме, пред нецел месец дека грчкиот суд донесе одлука дека може да се изучува македонски јазик во Грција, тоа досега не било никогаш, прв пат се дозволува употреба на македонскиот јазик во Грција, тоа е Европа, мислам дека слично ќе биде и со правата на Македонците во Бугарија, истакна Коцев.

Пратеникот Коцев нагласи дека единствена работа што треба да се направи е да се усвојат уставните измени.

Ова што ВМРО-ДПМНЕ го прави е класично поддржување на бугарските националистички ставови, ВМРО-ДПМНЕ е класично оружје во рацете на националистичките сили во Бугарија, коишто сакаат да ја опстурираат Македонија да остане заглавена во калта каде што беше од 2006 до 2016 година. Плукаа по Заев, кој ја внесе државата во НАТО, плукаат по Ковачевски, со кого лани ги започнавме преговорите за членство во ЕУ, истакна Коцев.

Коцев потсети што направи ВМРО-ДПМНЕ 11 години – заробена држава, омаловажување на луѓето, злоупотреба, во кое време беше прекинат европскиот пат, а и денеска ВМРО-ДПМНЕ е застаната слика од времето на Никола Груевски, што се гледа од она што го прават во Скопје со рачињата во медот, со класична злоупотреба и политизирање на деца.

Кажете јавно дека сте против европскиот пат, па да видиме како ќе суди народот, вие цело време глумите проевропска опција, а сé што правите е еден тоталитарен систем, кој влече на сосема друга страна од ЕУ, му порача на ВМРО-ДПМНЕ, пратеникот на на СДСМ Ненад Коциќ во емисијата „24 Анализа“ на телевизија 24.

Последни вести