Соопштение за јавност
Во отсуство на идеи, планови и проекти ВМРО-ДПМНЕ се држи до својата препознатлива матрица на лаги и креирање на сценарија кои немаат допир со реалноста.
За ВМРО-ДПМНЕ раздолжувањето на општина Охрид е криминал, бидејќи тие знаат само за задолжување и трошење на парите на граѓаните за непродуктивни цели.
Вистината е дека со поддршка од Владата, долгот на општина Охрид е намален за две третини.
Долгот на општината е намален за околу 15 милиони и 400 илјади евра. Од нив, околу 8 милиони евра се обезбедени од страна на Владата, над 4 милиони евра по основ отпис на камати кои општината ги испреговара со доверителите и над 3 милиони евра обезбедени од буџетот на општината.
ВМРО-ДПМНЕ секојдневно потврдува дека не нуди ништо освен деструкција, блокади и неодговорно однесување како на национално така и на државно ниво.
Граѓаните го гледаат таквиот однос и затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе изгуби на локалните избори во Охрид, ќе изгуби на претседателските избори низ целата држава.
Скопје, 04.04.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА