Соопштение за јавност
Секојдневните теренски активности на СДСМ под мотото „Рамо до рамо до победа“ денеска продолжија со средби на партиските тимови со граѓаните на општините Демир Хисар и Кисела Вода.
Потпретседателката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска, заедно со Методија Димовски во Демир Хисар се осврна на европските перспективи на државата и на граѓаните и на новонастанатите околности на политичката сцена во државата.
-Промената на ставот на ВМРО-ДПМНЕ и прифаќањето на уставните измени како и учество во широка Влада за европски интеграции создава нова шанса. Сега треба дијалогот да продолжи. СДСМ како одговорна, државотворна партија повторно покажа државнички капацитет и уште еднаш потврди дека иднината на граѓаните и интересот на државата се на прво место. Членството во ЕУ е стратешка цел на државата, врвен приоритет на генерации македонски граѓани и оттаму, обврска на сите политички субјекти е да се реализира таа нациоанлна и стратешка цел, рече потпретседателката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска.
На граѓаните им е потребна интеграција, а не изолација, европска иднина за сегашните и идните генерации, порача потпретседателката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска, во Демир Хисар.
Рамо до рамо со граѓаните на Кисела Вода беа Тања Томиќ и Филип Даскаловски, кои се осврнаа на мерките и политиките на СДСМ кои даваат очигледни резултати и го подобруваат стандардот на граѓаните.