Соопштение за јавност
Христијан Мицкоски не објави слика, никаков доказ околу неговата наводна посета на Виена. Но затоа, неговата ВМРО-ДПМНЕ призна дека тој бил во Будимпешта на „транзитно“ патување.
Го охрабруваме Мицкоски да објави барем една фотографија од неговата посета на Виена.
Ако тоа не можно, тогаш Мицкоски нека го искористи периодот додека шета и шири лажни вести низ државата да одговори дали во Будимпешта се сретнал со неговиот ментор, осудениот криминалец Никола Груевски.
Да одговори Мицкоски дали пред почетокот на кампањата барал совети за неговата кандидатка Силјановска.
Доби ли Мицкоски насоки од Груевски за деструктивно и антидржавно делување?
Скопје, 02.04.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА