fbpx

Пречките се зад нас, сега заедно со Стево кон напредок, интеграции и подобар живот за сите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Потпретседателката на СДСМ, Фросина Ременски денеска беше во посета на Дојран. Ременски се сретна со граѓаните и зборуваше за напредокот на државата и претстојните претседателски избори.

Пред граѓаните на Дојран, Ременски потенцираше дека Република Северна Македонија конечно тргна по вистинскиот пат, пат на напредок кој носи добро за сите граѓани, пат кој значи подобри услови за живот и повисок животен стандард.

„Доста беше стоење во место, тргнавме напред и враќање назад нема. Резултатите веќе се чувствуваат, многу е важно да продолжиме заедно. Конечно  да имаме претседател кој ќе биде партнер на граѓаните и државата, а не партиска марионета, кој ќе работи за идината на сите, надпартиски човек, а не по директива на ВМРО-ДПМНЕ и против напредокот. Овие избори значат спротиставување на два концепти, од една страна Стево кој обединува и води напред кон иднина и интеграции, од друга страна Силјановска која како Мицкоски не е чесна пред граѓаните“ – заклучи Ременски.

 

Скопје, 04.01.2019  

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА

СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести