Соопштение за јавност
Членството во ЕУ е стратешка цел, врвен национален интерес и секоја партија треба да го даде својот придонес за доброто на државата и на народот.
Минатата среда целата македонска јавност го слушна Мицкоски како вели дека се согласува со предлогот на претседателот Ковачевски за уставни измени и учество во заедничка Влада, под одредени услови.
Го охрабруваме Мицкоски да остане на ставот за прифаќање уставни измени за доброто на земјата.
Сега не е време за политички калкулации и мерење на партиските и личните рејтинзи, сега е време на одговорност, пред сопствените граѓани, пред иднината на државата.
Да не дозволиме да се пропушти оваа шанса, сега треба дијалогот да продолжи се до заокружување на процесот и обезбедување на европската иднина на државата.