Соопштение за јавност
Посветеноста на институциите во борбата против криумчарење мигранти дава резултати.
Според официјалните податоци, во 2018 година, трикратно е зголемено спречувањето на криумчарење мигранти во земјата.
Националната агенција за спречување на криумчарење мигранти и трговија со луѓе формирана од Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство дава реални резултати. Институциите се трипати подобри и поефикасни во спречувањето на криумчарењето и трговијата со луѓе.
МВР со своето ефикасно и професионално делување, покажува како се работи во интерес на граѓаните.
Скопје, 24.03.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА