fbpx

Тренчевска: Еднаквост на жените и мажите е европска вредност

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателката на форумот на жени на СДСМ Јована Тренчевска, во своето обраќање на младинската трибина на СДСМ истакна дека еднаквоста на жените и мажите е европска вредност.

ЕУ се залага за еднаквост помеѓу мажите и жените и родовата еднаквост е позиционирана како едно од фундаменталните начела кои се инкорпорирани во сите договори за воспоставување на ЕУ, рече Тренчевска, додавајќи дека Република Северна Македонија е земја кандидат за членство во ЕУ ги има имплемтнирано во домашното законодавство, директивите и препораките на ЕУ за рамката за еднакви можности на жените и мажите.

Собранието јас има усвоено Стратегијата за родова еднаквост 2022-2027, со која се поддржуваат заложбите на Советот на Европа, кои се фокусираат на превенција и борба против родови стереотипи и сексизам, превенција и борба против родово базирано насилство, еднаков пристап до правда за жените, балансирано учество на жените и на мажите во донесување одлуки, заштита на правата на жените и на девојките баратели на азил, мигранти и бегалци и интеграција на родовите политики во сите политики и мерки, рече претседателката на форумот на жени на СДСМ Јована Тренчевска.

Последни вести