fbpx

Ковачевски: Младите треба да си ја градат иднината дома, сите ние имаме обврска да им го овозможиме тоа

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

На денешната трибина во Куманово, на тема „МК во ЕУ до 2030“, “Резултати што прават разлика“, претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, порача дека младите треба да си ја градат иднината дома и дека сите политички чинители имаат обврска да го овозможиат тоа.

При тоа Ковачевски посочи дека исклучително важно што побрзо да се донесе одлуката за европскиот пат, да се создадат услови за младите да не заминуваат во странство, да живеат во земја членка на ЕУ, да имаме интеграција, а не повторно изолација.

„Видовме 20 години што значи водење на политика за собирање на дневни политички поени и правење на рејтинзи. И што добивме? Изгубивме 20 години. Изгубивме млади генерации, кои што одат да работат во странство, земаат пасоши на други држави. Во меѓувреме станавме заробена држава, цели 11 години не мрднавме од место, додека младите ни се иселуваа, земаа пасоши на туѓи земји. Што ќе им одговорат на тие генерации тие што тогаш не ги носеле одлуките? Дали ќе им се извинат? И што имаат младите од тоа извинување кога загубиле 20 години? Затоа е важно одлуката за продолжување на европскиот пат што поскоро да ја донесеме. Не смееме да дозволиме нова изолација, нови бранови иселувања на младите, нови барања за странски пасоши“, повика Ковачевски.

Во своето обраќање на трибината, Ковачевски рече дека следната година е изборна година, избори има кај нас, во Европскиот Парламент, но исто така и во САД и ако ја пропуштиме оваа можност, ќе пропуштиме уште 10 години, посочи Ковачевски. При тоа потенцираше дека разликата е помеѓу неколку важни сегменти за иднината на државата помеѓу напредок и враќање назад, помеѓу решителност и кукавичлук, помеѓу економски раст и стагнација.

Последни вести