Соопштение за јавност
Заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски денеска го посети Радовиш. Со граѓаните Пендаровски разговараше за важноста земјава да добие претседател кој ќе работи во интерес на сите граѓани и ќе застане над партиите, посветен на државата.
– Мора да ги менуваме политичката култура и начинот на водење на политика. Политичките партии не смеат да ја ризикуваат иднината или да го кочат напредокот на земјата, на сметка на партиските интереси, како што тоа го правеа некои претходно. Јас застанувам зад државните интереси, над партиските, порача Пендаровски.
Силно верувам дека започнавме да чекориме по вистинскиот пат, кон ЕУ и НАТО. Мора да продолжиме по тој пат и затоа како претседател се посветувам на државните интереси, приоритет се граѓаните и нивните права и слободи, додаде Пендаровски.
Пендаровски попладнево продолжува на средби со граѓаните на Струмица.
Скопје, 18.03.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА