Соопштение за јавност
СДСМ заедно со коалициските партнери, заедно со граѓаните, ќе направи сè за Македонија да продолжи напред по европскиот пат и да ја исполниме стратешката цел: членство во ЕУ.
Можеме во тоа да успееме. До 2030 година да стоиме рамо до рамо со своите европски партнерски земји како рамноправна членка на Европската Унија.
ЕУ е нашата единствена алтернатива, а визијата на СДСМ за просперитетна земја обединета со Европа отсекогаш била во суштината на партиското делување.
Членството во ЕУ значи интегрирање на признаениот македонски идентитет, јазик и култура во богатиот европски мозаик.
Подобар договор ние нема да добиеме и тоа е јасно како ден. Ново вето од надвор нема да има, за што потврда има од сите релевентни меѓународни фактори. Сега е време за одлука и реализација на уставните измени.
СДСМ ќе направи сè и ги повикува сите релевенатни политички партии да се приклучат на процесот. Заедно да изградиме иднина каде што нашите млади ќе можат да ги остварат своите соништа, каде што нашата економија напредува и каде што нашите демократски вредности јакнат.