fbpx

Силјановска не осудува насилство и брани насилници по налог на Мицкоски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Кандидатката на Христијан Мицкоски, Гордана Силјановска е само продолжена рака на груевизмот на кој му се поклони и кој го промовира.

Силјановска не осудува насилство, напротив, застана во одбрана на насилниците од 27 април, исто како што тоа го сторија Мицкоски и Груевски.

Таа воопшто не се срами што е поддржана од политичка структура чиј врв е главен осомничен за насилниот упад во Собранието кога се случи обид за убиства и обид за државен удар и погазување на уставниот поредок.

Силјаноска не е чесна пред граѓаните. Додека лажно се претставува како натпартиски кандидат, длабоко е заглавена во матрицата на груевизмот и ги промовира погубните политики на ВМРО-ДПМНЕ за одбрана на криминалот и насилството.

Скопје, 17.03.2019

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА

СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести