Соопштение за јавност
Селективноста и заштита на насилниците беше одлика на ВМРО-ДПМНЕ, денес законите важат за сите
Заврши времето на неказнивост и криење злоупотреби во Министерството за внатрешни работи, нешто што беше одлика на криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ.
Лагите на ВМРО-ДПМНЕ се демантирани. Како што јавно соопшти МВР случајот за кој ВМРО-ДПМНЕ денеска лаже, се расчистува.
Кон посоченото лице е поведена дисциплинска постапка за утврдување на одговорност, а до нејзиното завршување лицето е суспендирано. Во меѓувреме, работните задачи ги врши помошникот началник според законските прописи.
ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири што МВР работи одговорно и професионално и тоа што полицијата е вистински сервис и заштитник на граѓаните и затоа секојдневно шири лажни вести
Скопје, 16.03.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА