Соопштение за јавност
Последна потврда за тоа дека ДПМНЕ е криминална партија е случајот Феникс.
Согласно обвинението, над 57 милиони евра пари на граѓаните биле проневерени за 11 споменици во Скопје 2014.
Осомничени се 15 лица меѓу кои и највисоки поранешни функционери на ДПМНЕ.
На криминален начин се правеле шеми за перење и испумпување пари, да завршат во нивните џебови.
Со 57 милиони евра можеле да се направат над 33 нови и опремени градинки, или над 15 нови училишта.
Во ДПМНЕ не се грижеле за граѓаните единствено мислеле како да се богатат на грбот на народот.
Но тоа е вистинското, криминално лице на ДПМНЕ.