Соопштение за јавност
Со денови Скопје се дави во ѓубре. Локалната власт на ДПМНЕ во Скопје создаде невиден хаос.
Ваква катастрофа во Скопје е незапеметена досега. Ова што Мицкоски и градоначалниците на ДПМНЕ му го направи на главниот град е срамно и тажно во исто време.
Мицкоски ги излажа и ги изневереи скопјани. Лично Мицкоски бараше гласови за Арсовска, ја промовираше за „најдобра менаџерка“ и „вистинска мајка“ и тој е директно одговорен за ова што се случува денеска.
Наместо модерно Скопје како што Мицкоски и ДПМНЕ ветуваа пред скопјани кога бараа гласови од нив, на главниот град му приредија уште една катастрофа.
До толку се неспособни градоначалниците на ДПМНЕ и кадрите на Мицкоски, со едно ѓубре не можат да излезат на крај.
ДПМНЕ и Мицкоски го претворија Скопје во депонија.
Хаос имаше и со градскиот превоз, нема проекти, нема развој, ДПМНЕ од Скопје направи нечист, загаден и нефункционален град.
Одговорноста е директно кај шпицниот Мицкоски и неговите кадри од ДПМНЕ.