Одговор на новинарско прашање, Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ
Во интерес на вистината граѓаните, нашата јавност мора да знаат дека овие концесии за рудникот Иловица се дадени во 2012 и 2013 година од страна на Влада предводена од ДПМНЕ, Никола Груевски и тогашниот негов соработник Христијан Мицкоски.
Таа одлука е донесена на 16 јуни 2012 година и истата е потпишана од неговиот близок соработник Зоран Ставревски и објавена во службен весник 2012 година.
Во тој кнтекст не треба да се заборави и фактот дека тогашните градоначалници од редовите на ДПМНЕ, градоначалниците на општините Босилово и Ново Село исто така носат одлука за отварање на овој рудник.
Тоа значи дека од одлуките на ДПМНЕ оттогаш ние сме влезени во еден судски лавиринт од којшто не можеме да излеземе но факт е дека СДСМ од прв ден е против отворање на овие рудници.
Кога лично шефот на Мицкоски, Груевски во 2016 година најавуваше отворање на дури 10 нови рудници во југоисточниот дел од нашата земја,СДСМ беше против.
СДСМ е секогаш против одлуки којшто граќаните не ги прифаќаат, во овој случај се работи за отворање на рудници на места каде што тие не ги сакаат.