fbpx

Очигледна е паниката и нервозата во ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните го препознаваат вистинскиот претседател, тоа е Стево Пендаровски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Разбирлива е нервозата и паниката на ВМРО ДПМНЕ од кандидатурата на Стево Пендаровски за претседател на Република Северна Македонија.

На државата и на граѓаните не им е потребен нов партиски послушник, не им е потребен нов Ѓорге Иванов кој ќе работи спротивно на националните и државни интереси.

На граѓаните, на државата потребен им е вистински претседател кој влева доверба и сигурност, претседател заедно со демократските и прогресивни сили ќе ја поведе Северна Македонија кон развој и напредок, кон ЕУ и НАТО, а тоа е Стево.

60 пратеници со својот потпис дадоа поддршка на кандидатурата на Стево Пендаровски за претседател на државата, а таква можност ќе имаат и граѓаните.

Овојпат граѓаните ќе го изберат вистинскиот претседател на Република Северна Македоија-Стево Пендаровски.

Скопје, 06.03.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

Последни вести