fbpx

Со Законот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница, имаме шанса да создадеме агенција што нема да биде злоупотребувана

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Реформата на безбедносно – разузанавачки заедници во државата е особено потребна за обезбедување висок степен на ефикасност и успешно функционирање на безбедносните служби, посочи потпретседателката на СДСМ Фросина Ременски, во своето обраќање на 90 седница на Собранието на Република Северна Македонија.

– Со овој закон, Законот за коориднација на безбедносно-разузнавачката заедница, за првпат по толку години, имаме шанса да конституираме агенција којашто нема да биде злоупотребувана во политички цели. Оваа реформа се отвора по неколку години години законско нерегулирање на безбедносните служби и можеби отткука, безбедносните структури свесно создавале можности за злоупотреба на службите, со тоа што ја оставале да делува надвор од законски утврдени рамки. Сега, имаме можност тоа да го корегираме и уредиме без да стравуваме дека во инднина ќе ни се случуваат работи што ги сведочевме во минатото, истакна Ременски

Ременски посочи дека особено важно е реформите на безбедносните служби да не бидат сфатени како политички реваншизам, бидејќи нивната единствена улога е професионализирање на безбедносниот систем и негово ослободување од партиски и политички влијанија.

– Силно ќе се заложам оваа реформа да не добие епитет на политички реваншизам, бидејќи како пратеници и предлагачи на Законот не смее да си дзоволиме таков товар. Но во ниту еден случај не треба да дозволиме, реформата да ја прават оние кои биле директно вмешани во злоупотребата на безбедносните служби. Ќе сторам се за да имаме дебата во која ќе се вреднува професионализмот, но не оној професионализам што значи успешен и сомнителен транзит од една кон друга политичка структура, туку професионализам што треба да обезбеди лојалност кон државата.

Скопје, 06.03.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести