Соопштение за јавност
Матрицата на груевизмот, што 11 години ги осиромашуваше граѓаните, а државата ја држеше во изолација и неизвесност, се уште е силно присутна во ВМРО-ДПМНЕ.
Тоа се гледа и од начинот на делување но и од речникот на ВМРО-ДПМНЕ полн со црнила, крв, обесчестувања…мракови.
Не е добро тоа што професорката Силјановска му се поклонува на таквиот начин на делување и таквиот речник на комуникација но тоа граѓаните го отфрлаат.
Од една страна се демократските и прогресивни сили во државата предводени од СДСМ кои работат на напредок, развој и интеграција во ЕУ и НАТО.
Од друга страна се Мицкоски, Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ со нивните црнила, против Договорот од Преспа, против иднина во ЕУ и НАТО.
Затоа, на престојните претседателски избори граѓаните ќе изберат напредок и ќе ги поразат остатоците од груевизмот.
Граѓаните ќе изберат иднина, ќе го поддржат Стево Пендаровски, претседател на сите граѓани.
Скопје, 04.03.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА