Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ
Почитувани,
Христијан Мицкоски под заложништво на Димитар Апасиев продолжува да дејствува на штета на државните и национални интереси.
Македонската агенда е европска, европската агенда е и македонска агенда, а единствен што сака да ги одвои е токму Мицкоски.
Во 32 години независност, Мицкоски е единствениот политичар кој упорно тврди дека европската агенда не е иста со македонската агенда што значи дека тој има некаков друг план во однос на интеграцијата на државата.
Христија Мицкоски совршено добро знае дека за продолжување на европскиот пат на државата потребно е усвојување на уставните измени, кои се дел од преговарачка рамка, усогласена меѓу 27 земји членки на ЕУ и прифатена од македонското собрание од политичари од различни политички партии.
Предложените уставни амандамни не задираат во ниту едно идентитетско прашање, се работи за техничка измена на Уставот со која покрај постојните делови од народи кои се вклучени во Преамбулата се додаваат и делови од други народи кои до сега не биле дел од Преамбулата и истовремено се задржува примарната уставотворност на македонскиот народ.
Таквите измени го забрзуваат процесот на интеграција во ЕУ, со отворањето на првите поглавја од преговарачкиот процес.
И ако се навистина за влез во ЕУ, како што постојано декларативно се залагаат, Мицкоски и ДПМНЕ ќе дадат поддршка на уставните измени. Се друго е сеење ветар и магла и дејствување спротивно од стратешките интереси.
Овие уставни измени се последната шанса Мицкоски и ДПМНЕ да застанат на страната на интересите на граѓаните и државата и да докажат дека навистина сакаат да ја видат државата како полноправна членка на ЕУ.
Глас за уставните измени е глас за европска иднина на државата.