fbpx

Не успеа сценариото на Груевски и Мицкоски, инцидентот се расчистува, покрената е дисциплинска постапка против 11 вработени во затворот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност 

Пропадна обидот на Христијан Мицкоски и Никола Груевски преку насилничко сценарио да ја дефокусираат јавноста, од фактот дека токму врвот на ВМРО ДПМНЕ е главниот осомничен за организирање на насилствата на крвавиот 27 април.

Пропадна и театарот на Мицкоски со кој се обидуваше да предизвика инциденти во Градската општа болницата 8-ми септември.

Благодарение на брзата и професионална реакција на институциите им пропадна целата провокација и смисленото сценарио на Мицкоски и Груевски.

Инцидентот се расчистува. Започната е темелна истрага, подготвен е извештај кој е предаден во Владата. Директорот Ѓоко Котевски поднесе оставка, а против 11 лица вработени во затворот е покрената дисциплинска постапка поради пропусти во работењето.

Институциите и граѓаните, нема да дозволат Мицкоски и Груевски да ја втурнат Република Северна Македонија во нови кризи и тензии, да ја загрозат иднината на државата и сигурноста на граѓаните, само за одбрана на организаторите и нарачателите на насилствата од 27 април.

Насилството ќе биде санкционирано, Мицкоски нема да успее, ќе има одговорност за нарачателите и реализаторите на крвавиот 27 април.

Скопје, 26.02.2019

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА

СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести