Соопштение за јавност
Поддршката на партијата ГРОМ на Стевче Јакимовски за Гордана Силјаноска потврдува дека претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ добива поддршка единствено од оние политички чинители кои се дел од групи кои се обидуваат да ја блокираат иднината во ЕУ и НАТО, да го блокираат напредокот на државата.
Се докажува дека Силјановска е само пион на Христијан Мицкоски, партиски послушник кој се поклони на груевизмот и застана против интересите на граѓаните и државата.
На граѓаните на Република Северна Македонија не им е потребен нов Иванов, не им треба нов партиски послушник кој ќе работи против НАТО и против ЕУ.
На Северна Македонија и е потребен вистински претседател, кој ќе застане рамо до рамо со прогресивните сили и Владата и посветено ќе работи на процесите што значат напредок, раст и развој, членство во НАТО и интеграција во ЕУ.
Граѓаните нема дозволат нов Ѓорге Иванов и ќе ги поразат деструктивните политики на ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски, Јакимовски, Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ нека се подготват за пораз на претседателските избори.
Скопје, 26.02.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА