fbpx

ДПМНЕ да даде поддршка на уставните измени со кои се забрзува процесот на евроинтеграции

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Откако се исполнија сите услови што Христијан Мицкоски ги постави, сега пратениците од неговата партија треба да дадат поддршка на уставните измени.

Веднаш по усвојувањето на измените, започнува и отворањето на првите поглавја во преговорите со ЕУ.

Мицкоски и ДПМНЕ повеќе од една година ги лажеа граѓаните за наводно загрозување на македонскиот јазик, идентитет, култура и посебност, но факт е дека тие денес се меѓународно заштитени и потврдени како никогаш до сега.

Доказ за тоа е Предлог Резолуцијата во Сенатот на САД, како и претходно усвоената Резолуција од германскиот парламент.

Факт е и дека нема да има нови барања и нови условувања на нашиот европски пат, а за тоа постојат гаранции и највисоките европски претставници и челници на големи земји членки на ЕУ.

По 17 години во чекалната, ги започнавме преговорите со ЕУ, со заштитен македонски јазик, македонски идентитет и посебност.

Сега е потребно обединување, потребен е сериозен исчекор и забрзување на процесот на преговори со крајна цел – полноправно членство во ЕУ до 2030 година.

Секој пратеник, секој политички субјект има одговорност да се вклучи во процесот и да даде поддршка на измените на Уставот, се друго е дејствување спротивно на државните и национални интереси.

Последни вести