fbpx

Нови 8,8 милиони евра од ИПАРД за поддршка на земјоделците

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Владата предводена од СДСМ низ конкретни мерки и политики во изминатите години успеа да го унапреди квалитетот на живот на земјоделците.

Благодарение на одговорниот и инклузивен пристап, денес ние сме лидери во регионот со најголема искористеност на средствата од европската ИПАРД 2 програма и прва земја во регионот подготвена да започне со користење на ИПАРД 3 програмата.

Од ИПАРД 2 програмата се искористени 98 отсто од средствата, со склучени 2.369 договори.

Објавен е последниот јавен повик од ИПАРД 2 програмата за доставување на барања за користење на средства по мерка 3, за инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи.

Вкупната финансиска поддршка во рамките на овој јавен повик изнесува 8.8 милиони евра, а крајниот рок за поднесување на барањата е 18-ти септември 2023 година.

Финансиската поддршка за овој Јавен повик е составена од 75 отсто средства обезбедени од ИПАРД и 25 отсто од Буџетот на Република Северна Македонија.

Финансиските средства по поединечно барање се доделуваат како неповратна финансиска поддршка (грант) во износ од 50% од вредноста на вкупно прифатливите трошоци на инвестициите.

Овој последен јавен повик се објавува со цел овие 8.8 милиони евра како последни средства од ИПАРД 2 програмата, да бидат инвестирани дома и со тоа во целост да биде реализирана програмата, без ниту еден денар вратен назад.

За СДСМ развојот и модернизацијата на земјоделството, како и поддршката за земјоделците остануваат врвен приоритет.

Последни вести