fbpx

ДПМНЕ да дадат поддршка на Манифестот за преговорите со ЕУ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција на СДСМ, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ

Почитувани,

СДСМ и пратеничката група целосно застануваат зад Манифестот на лидерите на политичките партии застапени во Собранието, а во врска со водењето преговори за полноправно членство во ЕУ.

Манифестот е добра основа за градење единство и со него се дефинираат рамки и позиции по кои сите надлежни институции мора да постапуваат во процесот на преговори.

Овој Манифест е во рамките на црвените линии и заклучоците по европскиот предлог што ги усвои парламентарното мнозинство овде во Собранието и со него сите лидери на политичките партии се обврзуваат дека ќе настојуваат пристапните преговори да завршат во најкраток можен рок, а притоа целосно заштитувајќи го идентитетот, традицијата, јазикот и општествените вредности на граѓаните.

Во овој документ јасно е наведено дека политичките партии во Собранието, без разлика од составот на владејачкото мнозинство, се обврзуваат да соработуваат, но и да го водат преговарачкиот процес целосно отворено и транспарентно со цел најшироката јавност да биде во можност да го изрази своето мислење по однос на условите за членство во Европската унија.

Сега е потребно обединување околу овој Манифест со кој сите заеднички ќе се обврземе за ефикасно водење на преговорите за пристапување во ЕУ.

Очекуваме и други политички партии, а пред се ВМРО-ДПМНЕ да се приклучи кон овој Манифест и со тоа на дело да покаже и докаже дека навистина е за ЕУ.

Можностите за Христијан Мицкоски да се приклучи на европскиот блок стануваат се поретки и ако тој не ј искористи оваа шанса ќе покаже дека сето она што го говори за европската иднина е само обично блефирање пред јавноста.

Откако уставните измени се јавно објавени и откако никој, вклучително и ДПМНЕ не е против нивната содржина, време е за глас за Европа во македонското Собрание.

Ајде заедно да го усвоиме овој Манифест, да дадеме поддршка на уставните измени и да ја обезбедиме европската иднина на нашата држава.

Последни вести