Соопштение за јавност
СДСМ постојано презема мерки и решенија за унапредување на животниот стандард на пензионерите.
СДСМ ја зголеми просечната пензија за 40 проценти од 13.745 денари во 2016 година на 19.106 денари во 2023 година.
Минималната пензија за година и шест месеци е покачена за 4.000 денари.
Минималната пензија во март 2022 година изнесуваше 9.000 денари, до денес е покачена на 12.500 денари, а во септември со редовното усогласување ќе се искачи на 13.000 денари.
За континуиран раст на пензиите СДСМ воспостави методологија за усогласување на пензиите два пати годишно секој март и секој септември според растот на инфлацијата, на трошоците на живот и растот на просечната плата.
Откако е донесена оваа методологија, пензиите, за само 18 месеци од јануари 2022 до септември оваа 2023 година, ќе се зголемат за 26 отсто.
Никогаш досега пензиите не биле покачени толку.
Со ова системско решение за фер и праведно зголемување на пензиите на сите 330.000 пензионери, растот на пензиите, никогаш повеќе нема да зависи од нечија политичка волја.