Соопштение за јавност
СДСМ заедно со партиите од проевропскиот блок е целосно посвестена на обезбедување на европска иднина на државата.
По 17 години во чекалната, успеавме да направиме крупни чекори и конечно да ги започнеме преговорите за членство во ЕУ.
Преговорите со ЕУ ги водиме со заштитен и потврден македонскиот јазик и идентитет и сега потребен е уште еден исчекор за забрзување на евроинтегративниот процес а тоа е носењето на уставните измени кои се јавно објавени и против кои никој, вклучително и ДПМНЕ, нема против.
Пред нас е неповторлива шанса за потврдување на европскиот пат, забрзување на европските интеграции и остварување на стратешката цел – членство во ЕУ до 2030 година.
СДСМ е за интеграција и ќе направи сѐ да ја тргне блокадата на патот на европските интеграции на државата.
Нема да дозволиме граѓаните, нивната иднина, државата да бидат блокирани од ДПМНЕ, туку продолжуваме и понатаму да работиме на врвните национални и државни интереси и да обезбедиме мнозинство со кое ќе се продолжи европскиот пат на државата.