Соопштение за јавност
Некој за лична кариера сака да држи заложник цела држава. На Мицкоски му се седи во чекалната на ЕУ, 10, 20, години а тоа многу ме потсетува на неговиот претходник Груевски, кој сакаше да седи во чекалната 10, 20 години, но денеска живее во земја членка на ЕУ, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју за Сител Телевизија.
-На него ако му се седи во чекалната 10, 20, 50 години тогаш тој многу ме потсетува на неговиот претходник. Бидејќи и тој сакаше да седи во чекалната 10 години, 20 и 50 години, но како што гледам денес живее во ЕУ. Тој не отиде да живее во Таџикистан. Неговиот претходник отиде да живее во Унгарија. Ако толку не била добра ЕУ зошто отиде во ЕУ? Зошто отиде во земја членка на НАТО? Некој за лична кариера сака да држи заложник цела држава, рече Ковачевски.
80% од граѓаните сакаат да бидеме дел од ЕУ, потенцираше Ковачевски и додаде дека ДПМНЕ иако беше против Договорот со Грција сега воопшто не го споменува и дека со опозицијата ризикот е секој напредок досега да биде загрозен.
-Дел од преговарачката рамка е и договорот со Грција, тие се ЗА договорот или против договорот со Грција? Не го спомнуваат гледам. Комуникацијата со Грциј а на ДПМНЕ каква ќе биде со Северна Македонија? Ќе се придржуваат или нема? Добрососедските односи се основа на ЕУ. Ако ги погледнете Германија и Франција, нивната историја знаете што е. Погледнете ја битката на Вердан, битката на Сома па таму имаат изгинато повеќе луѓе отколку што имаат изгинато во било кој друг дел од светот. Денес тие две држави заедно ја водат ЕУ, без разлика кој е власт во тие две држави, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју на Сител телевизија.