Соопштение за јавност
Процесот на носење уставни измени започна, и на собраниската седница се виде дека СДСМ и коалицијата, европската коалиција се за продолжување на европската интеграција на Македонија и дека опозицијата сака да ја блокира европската иднина на земјата.
Повторно, како и во минатото ДПМНЕ е за блокада на патот на Македонија во европските интеграции, односно зачленување во ЕУ исто како што беше и против зачленувањето во НАТО.
ДПМНЕ и Мицкоски одново дејствуваат против интересите на државата, против подобра иднина на граѓаните.
Обидот за блокада на европската иднина е опасна, антидржавна и антимакедонска постапка на ДПМНЕ и Мицкоски.
Тоа, македонскиот народ кој е проверопски оринтиран и сите граѓани кои се за членство во ЕУ нема да го простат.
Проевропската коалиција предводена од СДСМ нема да подлегне на штетното, неодговорно и недржавничко однесување на ДПМНЕ.
Нема да дозволиме иднината на државата да е блокирана од страна на Мицкоски и ДПМНЕ.
СДСМ, заедно со граѓаните и проевропските полиитчки субјекти ќе направи сѐ да ја разбие таа блокада.
Во тоа ќе успееме, ќе ја обезбедиме европската иднина на нашите граѓани.