Соопштение за јавност
Блокадите на ДПМНЕ и Христијан Мицкоски освен што ја оддалечуваат државата од европскиот пат, можат негативно да влијаат и врз економскиот раст и животниот стандард на граѓаните.
Продолжувањето на нашиот европски пат не само што обезбедува стабилна и сигурна иднина за граѓаните и државата, туку и огромни можности за развој, со пристап до европските фондови.
Евроинтеграцијата отвора пристап до средства во вредност од 10 милијарди евра од разни ЕУ фондови.
Досега, над 1,2 милијарди евра од европските фондови се вложени во Македонија, и тоа за земјоделството, преку ИПА програмата, грантовите за енергетската криза, макроекономска помош, поддршка за малите и средните компании, помошта за ублажување на економските последици од пандемијата, образовните и други програми.
Со забрзувањето на евроинтеграциите и полноправното членство, програмите и фондовите на ЕУ можат да бидат 11 пати повисоки од досегашните.
Оваа финансиска поддршка би значела пресврт во инфраструктурата, енергетиката, образованието, земјоделството, здравствените услуги, заштитата на животната средина, поддршка за компаниите и многу други сектори.
Блокадите на ДПМНЕ и Мицкоски можат да доведат до загуба на овие значајни финансиски прилики за државата, бизнисот и граѓаните.
СДСМ, граѓаните и проевропскиот блок нема да дозволат Македонија одново биде изолирана држава, надвор од европскиот пат.