Соопштение за јавност
По 10 години, денес во име на сите држави членки на ЕУ првпат се зборува за временска одредница за следното проширување.
Во наредните месеци ЕУ треба да ги донесе клучните одлуки за проширувањето и за забрзување на реформите и за олеснување на проширувањето, во рамки на европските правила.
Македонија има историска и реална шанса, веќе во 2023 година да стане полношравна членка на ЕУ и потребно е да донесеме важни, државнички одлуки за да ја реализираме таа стратешка цел.
Единствен противник на тоа се Христијан Мицкоски и ДПМНЕ кои со сите сили се обидуваат да ја повлечат државата назад во нова децениска изолација.
СДСМ, заедно со граѓаните, заедно со проевропскиот блока тоа нема да го дозволи и ќе стори се да ја обезбеди европската иднина на граѓаните кои во огромен дел, над 80 отсто сакаат да живеат во земја членка на ЕУ.
Се работи за иднината на нашите деца и за успехот на државата и ние тоа ќе го оствариме.