fbpx

Се потврдува дека Мицкоски зборува преку Силјановска, очајното ВМРО-ДПМНЕ да ги остави институциите да го расчистат несреќниот случај

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Очајното раководство на ВМРО-ДПМНЕ во недостаток на политички концепт, на идеја и програма продолжува да злоупотребува собраќајни несреќи и човечки трагедии во партиски цели.

Се потврди дека Мицкоски зборува преку Силјановска. Се потврди дека таа ги следи политиките на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

И покрај тоа што лагите на антинародното ВМРО-ДПМНЕ се официјално демантирани, опозициската партија не престанува да се обидува  профитира на низок и крајно неморален начин.

Наместо да се обидува да користи несреќи и човечки трагедии за дневнополитички цели ВМРО-ДПМНЕ да ги остави надлежните институции да го расчистат случајот до крај, 

Веќе е започната истрага од Основното јавно обвинителство, а според јавно објавените информации, веќе се обезбедени докази и се сослушуваат сведоци за целосно да се расветли несреќата кај Ласкарци.

 

Скопје, 19.02.2019  

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА

СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести