fbpx

97 милиони евра за модернизација на македонското земјоделство преку ИПАРД 3

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

СДСМ со ефикасни мерки и политики создава нови и подобри можности за секој македонски земјоделец и за унапредување и модерницација на земјоделското производството.

Ние сме лидери во регионот со најголема искористеност на средствата од европската ИПАРД 2 програма и прва земја во регионот којашто започнува со ИПАРД 3 програмата.

ИПАРД 3 програмата, која започна на почетокот на овој месец на македонското земјоделство му става на располагање неповратни 97 милиони евра од ЕУ за модернизација и дополнителен развој.

Една од новостите во ИПАРД 3 е авансна исплата до 50% од висината на финансиската поддршка, веднаш по потпишување на договорот.

Со помош на ЕУ се отвораат нови перспективи за земјоделството, како една од клучните гранки во државата и тоа за инвестиции и изградба на фарми, објекти за преработка, подигнување на долгогодишни насади, набавка на специјализирани возила но и за изградба на современа инфраструктура во руралните подрачја.

Влезот во ЕУ ќе донесе уште поголеми придобивки и уште повеќе финансиски средства од фондовите на унијата и пазарот од 500 милиони жители.

Блокадата на европскиот пат е блокада на милијарди евра помош за македонското земјоделство и тоа не смее да се дозволи.

Последни вести