fbpx

Се јави криминалната ВМРО-ДПМНЕ, која го потценуваше трудот на земјоделците и создадехаос, сега проблемите што ги остави се решени

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Се јави криминалната ВМРО-ДПМНЕ која 11 години мислеше како да приграби повеќе пари за себе, а трудот на земјоделците го потценуваше, создаде хаос во земјоделието.

Субвенциите доцнеа и беа исплаќани селективно, со бројни злоупотреби, државното земјиште им се даваше на партиски моќници наместо на вистинските земјоделци, намеше пласман, немаше достоинствени откупни цени, немаше развој на земјоделството, земјоделците остана без пари, со големи неисплатени побарувања.

Преку партнерски однос со земјоделците владата предводена од СДСМ и надлежното Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство заедно ги решаваат сите наследени проблеми, во интерес на земјоделците.

Лозарите се сведоци на уште една добра вест за нив: владата предводена од СДСМ изнајде решение на уште еден наследен, долгогодишен проблем оставен од ВМРО-ДПМНЕ.

Државата ќе ги исплати долговите на приватните винарници кон лозарите кои со години не можеа да го наплатат предадениот род од 2014-2016 година.

Се обезбедуваат над 1.5 милиони евра кои ќе завршат директно кај лозарите во Тиквешкиот регион.

Скопје, 03.02.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести