fbpx

ВМРО-ДПМНЕ преку лаги се обидува да шири неоснована паника, полицијата постапува професионално и ужива доверба од грѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, предводено од антизападниот Христијан Мицкоски продолжува да шири неоснована паник меѓу граѓаните.

Времето кога Министерството за внатрешни работи, беше претворено во партиски огранок што служеше за заштита на криминалот и притисоци кон граѓаните, заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.

Нема повеќе МВРО-ВМРО!

Денес, преку преземeните реформи, полицијата работи професионално, ефикасно и во обезбедување на мирот и безбедноста. Стапката на криминал се намалува, се постпаува по секое прекршување на законите, а против сите кои постапуваат незаконски се поднесуваат кривични пријави до надлежните обвинителства.

Се враќа довербата во полицијата, а доказ за тоа се испитувањата на јавното мислење и  високиот процент на граѓани кои се чувствуваат безбедно.

 

Скопје,02.02.2019                                       

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА

СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести